Автентичниот моден стил на некои девојки едноставно не им дозволува да отстапат од својата оригиналност, па дури ниту за „големиот ден“, кога од нив се очекува да носат фустан. И тоа не каков било, туку расошен, со тулови, тантели и корпи. Белите фустани со едноставен крој се одличен компромис за венчавка, а особено во ера на пандемија. Меѓутоа, особено интересен избор за венчавка се и панталоните.
View this post on Instagram
Токму на таква варијанта, во стилот на Бјанка Џегер, унгарската манекенка со светско резиме, Ванеса Аксенте се омажи со својот свршеник Рахил Гупта.Откако ја откажале церемонијата од 250 гости, која требала да се одржи во преубава историска градба во центарот на Будимпешта минатиот јули, двојката се одлучила да се венча само со сестрата на Рахил и родителите на Ванеса.
View this post on Instagram
За церемонијата од соништата, манекенката требало да носи невестински фустан од унгарска креаторка чии креации ѝ се допаѓаат уште кога била тинејџерка. Сепак, на крајот се одлучила за кремаво бел костум од панталони и палто, креација на британскиот бренд за луксузна облека JOSEPH. Ванеса го комбинирала костумот со шапка од унгарскиот бренд Vecsei Millinery, Rockstud чевли од Valentino и блуза од Zara.
View this post on Instagram
Мора да признаете дека Ванеса изгледа лежерно дотерана во овој нејзин избор, а и не е единствената која решила да го замени невестинскиот фустан со панталони. Сестрата на Бијонсе, Соланж се одлучи за комбинезон на Stephanie Rolland. Во комбинезон од украинската модна куќа Bevza, актерката Софи Тарнер се омажи за Џо Џонас, а сличен избор направи и Амал Клуни. Емили Ратајковски се одлучи за окер костум за својата венчавка, а на кратка варијанта со шорц и здолниште се одлучи Оливија Палермо.