Вторник во бела кошулка и здолниште на пруги
•
2 јули 2019
Вториот ден од работната недела повторно го дочекавме со високи температури за кои има најава дека дополнително ќе се зголемуват во текот на денот.
Поради тоа, повторно нѝ треба некоја лесна комбинација во која ќе можеме да уживаме во текот на целиот ден. Носиме лежерна бела кошулка и ја комбинираме со широко здолниште на пруги.
Комбинацијата надополнете ја со сандали на висока потпетица во нежна розова боја, впечлатлива мини чантичка, накит во златна нијанса и очила за сонце.
Уживајте во денот!