Вториот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце и супер температури, па тоа веднаш значи комбинација на шармантни бели парчиња.

Носиме широки бели панталони со висок струк и ги комбинираме со нежна бела кошулка без ракави. На комбинацијата додадете ѝ крем сандали на висока потпетица како едни од нашите омилени во летната сезона.

Мини чантичката во ист стил и очилата за сонце се единствените додатоци што ви се потребни денеска.

Имајте убав ден!

Објавено:
11 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
849 пати