Овој вторник и даваме предност на тренди бојата за оваа сезона - црвената.

Затоа предложуваме црвен плетен фустан со ролка што сосема одговара на претпразничната атмосфера.

Стајлингот ќе го комплетираме со класичен беж капут и чизми под колена во корално црвена нијанса.

Заокружуваме со мини, беж чанта и ви посакуваме убав ден.

Фото: Pinterest

Објавено:
26 декември 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот