Вторник во плетен фустан и топол капут
•
27 февруари 2018
Надвор уште студи, но тоа не значи дека не треба да изгледате добро. Одберете парчиња што ќе ве топлат, а ако ги имате вистинските работи на вас, ќе знаете дека понекогаш квалитетни хеланки со плетено здолниште или фустан многу повеќе топлат од класичен џинс.
Нашиот денешен предлог е токму еден таков плетен фустан во беж нијанса со ролка. Ние го комбинираме со високи чизми во тегет нијанса.
Комбинацијата ја комплетираме со капут со крзнени детали и интересно закопчување во горниот дел и чанта во тегет и црвени нијанси.
Капата и ракавиците ги нема на фотографијата, но секако без нив не излегувајте од дома!
Имајте убав вторник!