Вторник во црно-бела комбинација
•
28 ноември 2017
Температурите нè потсетија дека декември е на прагот и дека зимата и календарски ни се ближи. Затоа, за денес нашиот предлог е една топла комбинација во непогрешливата црно-бела комбинација.
Црните фармерки со висок струк ги комбинираме со топол бел џемпер со масивна ролка. Капутот е исто така со црно-бел принт и интересно закопчување.
Кога се модните додатоци во прашање, чизми до глужд со црвени врвки и бисери ќе ја разиграат комбинацијата, како и црвената чанта.
Иако ги нема на фотографијата, од дома не излегувајте без капа, чадор и кармин.
Ви посакуваме убав ден!