Среда во кафени нијанси
•
22 декември 2021
Добро утро. Зимата пристигна календарски, а тоа го потврдуваат и температурите.
Затоа денешната комбинација е топла и слоевита, и во кафени нијанси.
Нашиот предлог за денес е здолниште во ситен кариран дезен во комбинација со светлосина класична кошула. На тоа додадете кратка јакна или палто во кафена нијанса, како и високи чизми на потпетица, а врз тоа облечете капут.
Комбинацијата прилагодете ја на вашите можности и гардеробер.
Ви посакуваме убав ден.