Вторник во црвено и крем
•
5 септември 2023
Кога веќе ја прогласивме црвената боја за тренди, тогаш време е да се стилизираме во таа нијанса.
Затоа за денешниот вторник предложуваме црвена блуза на копчиња што ќе ја споиме со класични крем панталони.
Овие две бои одлично се сложуваат, па слободно комбинирајте ги во сезоната што следи.
Финишираме со беж потпетици и мини црвена чанта.
Имајте убав ден.
Фото: Pinterest