Вторник во фустанче со тропски мотиви
•
13 август 2019
Вториот ден од работната недела се разбудивме со доста високи температури какви што имавме и изминативе денови, но веќе од утре се очекува супер заладување.
За овој ултра топол ден одбравме супер лежерно фустанче со интересен тропски принт по површината со должина до глуждовите.
Иако е долг и можеби помисливте дека ќе ви биде топло, фустанот е изработен од супер лесен материјал во кој ќе ви биде пријатно во текот на целиот ден.
Фустанот го комбинираме со едноставни кожени влечки и чанта во иста нијанса.
Уживајте во прекрасниот ден!