Добро утро. Студено време и по некоја снегулка не' пречекаа утринава, па затоа и комбинацијата која ја предложуваме за инспирација е топла.

Составена е од џинс или панталони и топол џемпер со ролка, а врз тоа е додаден капут во боја. Во конкретниов случај е црвен, но можете да одберете било која друга.

На крај додадете чизми и беретка, која не само што ќе ве заштити од ветрот, туку и ќе биде одличен тренди моден додаток. 

Со оглед на времето, добро е да имате и чадор со себе, а комбинацијата заокружете ја со чанта и топол зимски шал.

Објавено:
8 февруари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
651 пати