Вторник во карирани панталони + мантил + чадор
•
22 февруари 2022
Добро утро. Се надеваме дека и покрај дождливиот ден сте во добро расположение. Нашата денешна комбинација за инспирација е составена од широки карирани панталони и ролка.
На тоа е додаден мантил, кој можете да го замените и со капут, а комбинацијата заокружете ја со чанта (малку поголема од оваа секако) и чадор, бидејќи тоа е задолжителниот моден додаток овој вторник.
Ви посакуваме убав ден.