Добро утро. Март си заминува со дожд, но се надеваме дека тој не ви влијае врз расположението. Нашиот денешен предлог за инспирација е комбинација составена од панталони и ролка.

Панталоните се со широки ногавици и кариран дезен во светла боја, додека пак ролката е бела и тенка.

На тоа додадете мантил, во конкретниов случај е во сивкаста нијанса, обувките можат да бидат патики или чевли. Изгледот заокружете го со мала чанта (може и малку поголема од онаа на фотографијата :) ) и секако чадор.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
31 март 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
572 пати