Добро утро. И денеска не' разбуди дождливо време, но тоа не значи дека не можеме да се дотераме. Нашиот денешен предлог е една слоевита комбинација.

Составена е од панталони и кошула, врз која можете да облечете џемпер, односно блуза. На тоа додадете краток капут (таков е во случајов, но можете да го замените со подолг). 

Комбинацијата заокружете ја со чанта, чизми и секако чадор.

Ви посакуваме убав вторник.

 

Објавено:
7 декември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.005 пати