Вторник во карирано здолниште + кроп јакна
•
16 март 2021
Времето не ни дозволува сè уште да се простиме со зимската гардероба, па принтовите карактеристични за зимата, каков што е карираниот, остануваат во игра уште некој ден.
За денешната комбинација свртете се кон карираното здолниште со А-крој и должина до средината на листовите.
Комбинирајте го со крем ролка или кошула одоздола и загасита портокалова oversize кроп јакна - задолжително парче за сезонава.
Додадете беж чизми и портокалова чанта и подготвени сте!
Имајте убав и нежен вторник!