Вторник во романтична сина кошула
•
23 мај 2017
Вториот ден од работната недела и ден пред слободниот, поминете го во стилска комбинација составена од неколку шик парчиња. Носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со стилска кошулка во сина боја со впечатлива панделка во предниот дел. Денеска акцентот го ставаме на модните додатоци, па така носиме сини еспадрили, очила за сонце, шик чантичка и впечатливи обетки кои ги обожаваме.
Имајте убав ден!