Вториот ден од работната недела, на само неколку дена пред Новата година уживајте во малку поспортска и удобна комбинација. Денеска носиме едноставни фармерки во светла боја и ги комбинираме со розова и супер топла ролка. Дополнително стоплете се со оваа зелена парка јакна со крзно, модерна зимска капа, темно зелени чизмички до глуждовите и супер мини чантичка што совршено одговара со чевлите. Што се однесува до шминката, дневната варијанта секогаш е нежна и минималистичка.

 

Објавено:
27 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
473 пати