Среда во зелена комбинација
•
21 декември 2016
Конечно најсреќниот ден од неделата! По тој повод денеска носиме топло зелено фустанче со карнер во долниот дел и го комбинираме со зелена парка јакна со крзно околу вратот и цветни апликации по површината. Украсете ја комбинацијата со овие високи крем чизми со кои ќе се стоплите, но истовремено ќе бидете и супер модерна девојка. На топлата зимска јакна совршено ќе одговара оваа капа со крзно, а под неа косата украсете ја со едни од најпосакуваните шноли сезонава.