Уште еден работен ден пред нас. Сигурни сме дека, како и на секого, и вас некогаш ви недостасува инспирација за тоа што да носите на работа или факултет или доколку имате некоја друга обврска.
Ние вторнички решивме да си поиграме со боите и да ви дадеме една весела предлог-комбинација.
Се одлучивме за темен џинс, кој го комбинираме со бела кошула со цветен, весел принт. На тоа додаваме жолт капут, кој ќе внесе уште повеќе сонце во вашиот стајлинг.
На крајот, изгледот го комплетираме со тегет чизми до глужд и сина чанта, збогатена со украсни камења и секако кармин.
Секако, доколку немате жолт, можете да комбинирате со капут во друга боја, или пак ако имате неутрален капут, тогаш нека основата биде во некои весели и впечатливи бои, бидејќи тоа е и целта на денешниот предлог.
Имајте убав ден!