Двете русокоси дами, Дакота Фенинф и Кјара Ферањи се видени во исти креации.

Имено, се работи за плисиран минт фустан од брендот „Диор“. Актерката го носеше минатата година на престижните „Еми“ награди. Со пуштена коса и накит во слична зелена нијанса, таа го комплетираше изгледот за црвен килим.

Од друга страна, популарната блогерка истиот фустан го носеше годинава и тоа пред неколку месеци. Ферањи е видена на црвениот килим на Операта во Рим, а фустанот го искомбинира со црна „Диор“ чанта, собрана коса и дискретен накит.

 

Според вас, на која подобро ѝ стои?

 

фото извор: Pinterest.com; 

Објавено:
1 август 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
504 пати