Иако станува збор за малку похрабар избор на фустан, мора да признаеме дека истиот совршено им прилега и на двете дами.
Популарната манекенка Доцен Крос изгледаше неверојатно секси во црната варијанта на фустанот со точки од ресортот на дизајнерот Дејвид Кома, додека Гвен Стефани шармираше во истиот фустан само во бела нијанса.
Манекенката фустанот го комбинираше со сандали на висока потпетица и впечатлива шминка и фризура, додека пејачката со црни високи потпетици на Кристијан Лубутан.
Мора да признаеме дека фустанот и на двете дами им прилега одлично, но според вас, на која подобро ѝ стои?
Инаку, грузискиот дизајнер Дeјвид Кома долги години е базиран во Лондон, а неговите креации за кратко време станаа исклучително барани откако неколку познати дами меѓу кои и Мишел Обама носеа негови дизајни.
Фото: People