Двете ѕвезди, Џенифер Лопез и Луси Лу се забележани во иста креација.
Се работи за фустан од тантела од брендот „Селф Портрет“ (Self Portrait), чија цена изнесува 520 долари, кој Луси Лу го носеше на премиерата на „Кунг Фу Панда 3“ во јануари годинава.
Лопез пак, се одлучи за истата креација на еден настан во Њујорк кон крајот на минатиот месец.
Кога се модните додатоци во прашање, Луси Лу одбра црни чевли и црвена клач чанта и за пуштена коса. Од друга страна пак, изборот на Џенифер беа црни сандали со ремчиња, црна чанта, многу прстени и коса собрана во опавче.
Интересно е тоа што и двете познати дами и мајки имаат 47-години, а изгледаат одлично.
Инаку, уште една дама ја носеше истата креација, но од помладата генерација. Се работи за моделот Џордан Дан, која во февруари месец годинава се појави токму во овој фустан на една од прославите на 100-годишнината од британски „Вог“.
Чие издание повеќе ви се допаѓа?