Стилски двобој: Летиција Каста или Луси Лу?

9 септември 2014

Прва во фустанот од италијанската модна куќа кој е всушност илустрација од тврдините на Агриџенто, Сицилија беше Летиција Каста и тоа на престижната манифестација Сан Ремо, а изгледот го надополни со црно сако и црни салонки.

Неколку месеци подоцна, актерката Луси Лу на номинациите за наградите Тони се појави во истата креација од Долче и Габана, но изгледот го комплетираше со црни салонки од Сен Лоран.

Според вас, која од двете дами подобро ја има комплетирано креацијата од Долче и Габана?

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Стилски двобој