Стилски двобој: Леа Мишел или Селена Гомез?
•
9 јуни 2014
Во конкретниот случај две познати дами се одлучија за фустан од Долче и Габана од 9 000 долари, ист модел, само со различна должина на фустанот.
Прва која се појави во оваа креација од италијанската модна куќа е пејачката Селена Гомез во Нокиа Театарот во Лос Анџелес. Краткиот фустан изработен од тантела и обложен со кристали одлично се вклопил со црните салонки, кадравата коса и впечатливиот црвен кармин.
Од друга страна, актерката Леа Мишел на настанот на L’Oreal Paris во Њујорк се појави во креацијата од Долче и Габанa со должина до колена. Истата креација ја комбинираше исто така со црни салонки, но со едноставен мејкап и фризура.
Според вас, која од овие две дами изгледа подобро во фустанот од Долче и Габана?