Овој пат стилскиот двобој е помеѓу две дами кои иако генерациски се разликуваат, сепак одлично изгледаат во креација на Долче и Габана.
Селена Гомез се појави во оваа креација на промоцијата на „Spring Breakers“ во Мадрид. Изгледот го надополни со минимална шминка, црн лак на ноктите и дијамантски обетки. Со ваквиот аутфит Селена докажа дека иако е млада може да изгледа сексапилно и ненаметливо во долг фустан.
Од друга страна, жената која е симбол на женственост и е една од најпознатите стилски икони Моника Белучи го носеше црниот фустан во форма на сирена на изборот на Маж на годината според магазинот GQ. Изгледот го надополни со дијамантски ѓердан и едноставна шминка.
Според вас, на која од овие две дами подобро и стои црната тоалета на модната куќа Долче и Габана?