Стилски двобој: Емило Пучи или Кавали?
•
1 октомври 2015
Фустаните со принт ги ставаме во центарот на денешниот стилски двобој. Тоа што почнува есен не значи дека треба да престанете да носите фустанчиња, само треба да ги одберете соодветните.
Емилио Пучи предлага тоа да биде фустан со долги ракави, со транспарентни делови. Принтот во сини, црни и бели нијанси го прави да биде впечатлив и разигран.
Кај Кавали исто така се работи за фустан со долги ракави, но со ролка. Основата кај Кавали е црна, со впечатлив принт на предниот дел и ролката. Дополнителен моден додаток се и копчињата зашиени на ракавите.
Комбинациите од двете модни куќи вклучуваат чизми до глужд, а пораката е дека и затворен фустан може да биде секси.
Кој е вашиот избор за оваа есен?