Императивот за оваа сезона е подеднакво неодолив за трендсетерките ширум светот, а на него не можеа да одолеат ни Кара Делевињ и Ријана.

Во дизајнот на Зое Карсен, тиркизни панталони со тропски принт прва се појави Рири и тоа со комплет со краток топ со истиот принт со натпис Cote d'Azur. Покрај клач чантата од Шанел, пејачката изгледот го комплетираше со оксфордки со металик ефект.

За разлика од неа, познатиот модел Кара Делевињ направи спој на ова еклектично парче со црна блуза, кожена јакна и патики на висока платформа.

Според вас, која од двете трендсетерки изгледа подобро во панталоните со тропски принт?

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Стилски двобој