Стилски двобој: Карли Клос или Луис Хамилтон?

27 април 2016

Овој пат одбравме еден машко-женски стилски двобој, во кој се супермоделот Карли Клос, и возачот на „Формула 1“, Луис Хамилотн.

И двајцата носат исти панталони со потпис на „Балман“. Исто така, и двајцата го одбраа ова парче за модното шоу на куќата за време на модната недела во Париз, со таа разлика што, Карли Клос е во нив пред почетокот на ревијата, во која учествува, додека Хамилтон е меѓу познатите гости.

Карли Клос

Карли ги комбинира со црна маичка и црно палто, балетанки и чанта. Хамилтон пак, се одлучува за црна маица и кожена јакна, а од модните додатоци, неговиот избор се чизми, бордо шапка, очила за сонце, и сребрен синџир.

Луис Хамилтон

На кого подобро му стојат „Балман“ панталоните?

Објавено:
27 април 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
309 пати