Стилски двобој: Која креација од Џени Пакам би сакале да ја носите?
•
13 јануари 2015
Првата креација е блуза во портокалова боја со макси здолниште во неутрална беж нијанса, со џебови од страните. Изгледот е комплетиран со впечатлив ѓердан и обетки.
Втората креација е исто така спој од блуза и макси волуменозно здолниште, но овој пат горниот дел во тегет нијанса со принт и долниот дел изработен од светкав материјал. Креацијата не е комплетирана со накит, бидејќи самата комбинација на материјали е доволна за впечатлив изглед.
Која од двете креации на Џени Пакам би била вашиот избор?