Стилски двобој: Никола Гескер или Хеди Слиман?
•
6 октомври 2014
Сличноста помеѓу креациите на Сен Лоран и Луј Витон е повеќе од очигледна. Изгледа дека креативните директори на модните куќи имаат ист вкус кога станува збор за модата, односно минатата сезона Хеди Слиман креираше мини фустан со златен принт во форма на пиштол, а оваа сезона, неговиот пример го следеше Никола Гескер.
Прво минатата сезона Сен Лоран за колекцијата есен – зима лансираше неколку креации со златен принт на црна основа со апликација вo форма на пиштол, а модните инсајдери, оваа сезона ја приметија сличноста со краткото здолниште, креација на Луј Витон со истиот принт.
Според вас, која од модните куќи има поинвентивна креација со принтот во форма на пиштол?