Принтот со пруги постојано се провлекува како задолжителен тренд изминативе неколку сезони. Дамите едноставно ги обожаваат парчињата облека кои на себе ги имаат аплицирани пругите, а трендсетерките и модните дизајнери во своите комбинации и колекции ги наметнаа како моден диктат за секоја сезона. Потврда за тоа дека пругите уште долго ќе владеат на улиците и медиумскиот етер е неодамнешното гостување на актерката Сиена Милер во шоуто на Џими Фалон. Русокосата убавица носеше миди фустан од колекцијата пролет – лето 2015 на модната куќа Селин и изгледаше неодоливо убаво. Ова се доволни аргументи за британската едиција на онлајн сајтот Телеграф да направи интересен пресек на модни парчиња кои имаат имплентирано пругаст принт и кои одлично би се вклопиле во вашето модно секојдневие.
Фустани во боите на виножитото
Морнарски дезен е уште еден термин со кој се ословуваат незаменливите пруги. Затоа фустаните со миди должина должина можете да ги комбинирате не само во црно – бела игра, туку да им дадете малку свежина и да направите интересен мозаик од неколку тонови како што е случајот со Сиена Милер или пак како што посочуваат од модните куќи на Дона Каран, Стела Мекартни и Дрис Ван Нотен. Не заборавајте дека ригите ве прават да изгледате послабо, а фустаните не мора да имаат стандарден крој, можете да експериментирате со асиметрични кроеви особено во долниот дел. Така ќе бидете уникатни и оригинални. Разиграјте го вашиот изглед и уживајте во топлите сончеви зраци кои набрзо ќе ги имаме во изобилство.
Акцентот нека биде на кожните парчиња
Хеди Слиман и Николас Геские отидоа малу подалеку. Тие одлучија кожените парчиња кои се тотален ин да „зачинат“ со пруги. Моделите изгледаат навистина изгледаат револуционерно, бидејќи се спој од два исклучително доминантни тренда, така да секако нема да поминете незабележано. Туниките и здолништата во А- линија нека бидат ваш приоритет.
Чисти и комбинации од неколку принтови
Долче и Габана се модни гласноговорници кои храбро пристапија кон комбинирање на неколку принтови одеднаш. Цветовите и пругите се покажаа како добитна комбинација во нивните креативни визии. Балман, исто така им се приклучи на армијата креатори кои одлучија пругите да ги стават во фокусот оваа сезона. Она што е заедничко за овие две модни куќи е што целеле кон истакнување на чиста и едноставна линија во однос на кројот на моделите и користење на транспарентни материја. Светот им припаѓа на храбрите, колку Вие имате смелост да носите нешто вакво?
Удвојување на ригите
Кралот на модата Армани е познат по женственоста и елеганција во однос на кројот. Тој и брендот Жил за претстојната топла сезона се одлучија за помалку монохроматски и андрогени креации. Женските одела добија двоен пругаст принт. Тоа е одлично затоа што потоа можете сакото или панталоните да ги комбинирате одделно во некоја друга комбинација, а и двете заедно не изгледаат нападно, напротив изгледаат мошне префинето и софистицирано.
Боемска естетика
Кој вели дека боемскиот стил треба секогаш да биде целосно во духот на цветните дезени и принтови. Мисони и Живанши укажуваат токму на спротивното. Сè е во деталите, опуштениот крој и спојот од свежи и летни бои.