Денешниот стилски двобој го посветуваме на модната куќа „Шанел“. Моделите Попи Делевињ и Џиџи Хадид носат исто палто со потпис на модниот бренд, но го комбинираат различно.

Всушност, нивниот изглед целосно е оформен од парчиња од оваа модна куќа.

Попи на настан на брендот „Том Тејлор“ се појави во тесен, транспарентен комбинезон со џебови, кој го искомбинира со црни салонки и транспарентна „Шанел“ мала чанта. Меѓу модните додатоци не е вклучен накитот.

Попи Делевињ

Џиџи пак, одлучи да го носи палтото на голо тело, а во комбинација со широки, подвиткани, црни панталони. И таа не користи накит, но од модните додатоци вклучува црно-бела „Шанел“ клач чанта, а кога се обувките во прашање, нејзиниот избор се црни сандали со ременчиња.

Џиџи Хадид

Чија „Шанел“ комбинација повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
30 март 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
652 пати