Стилски двобој: Ким Кардашијан
•
5 април 2017
Денешниот стилски двобој го посветуваме само на Ким Кардашијан. Неодамна се одржаа модните награди во Лос Анџелес, каде ѕвездата на реалните шоу-а се појави во транспарентен фустан, креација од модната куќа „Живанши“.
Светските модни медиуми веднаш ја забележаа сличноста со венчалниот фустан што го носеше на свадбата со Канје Вест.
Но, и не е некое изненадување ако се знае дека и тој е креација повторно на „Живанши“.
Кројот е речиси идентитечен, разликата е што венчаницата не е сосема транспарентна и има помал околувратник.
Кое издание на Ким Кардашијан повеќе ви се допаѓа?