Стилски двобој: Пријанка Чопра и Ник или Џенифер Лопез и Алекс?

11 септември 2018

Неодамна тие се венчаа во нејзината родна Индија, а Пријанка Чопра и Ник Џонас изгледаат позаљубено од кога и да е.

Двојката беше дел од прославата на 50 годишнината на брендот Ралф Лорен, а многумина забележаа дека инспирација за нивниот изглед е друга популарна холивудска двојка.

Тие изгледаа речиси идентично како Џенифер Лопез и Алекс Родригез на насловната на Венити Фер од декември минатата година.

Фустанот е дел од ресортот на Ралф Лорен, а станува збор за прекрасна комбинација од црно кадифе проткаено со светкави детали и мини ролка.

Актерката фустанот го комбинираше со високи црни потпетици и дијамантски обетки и собрана коса, додека пејачката со раскошна фризура и прекрасен накит.

Момците се речиси идентично облечени, во бели палта со црни панталони и црни пеперутка вратоврски.

Која двојка повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
11 септември 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
791 пати