Карвен ги замени цветните принтови со везови во форма на стрелки. Селин се откажа од шарените апликации, а Долче и Габана зад себе го оставија фото – принтот, кој неколку сезони по ред ,беше во фокусот на нивните креации. Иако изгледа неверојатно за да се поверува, но сепак дури и Мери Катранцу се откажа од принтовите и акцентот го стави токму на везовите, кои најчесто се поистоветуваат со есенско – зимските колекции на модните куќи. Валентино од сезона во сезона продуцира најмалку пет феноменални рачно изработени креации, а кон овој тренд се приклучија и Емилио Пучи и Нина Ричи.

Сепак, дали би се откажале од парчињата со нагласен принт, за да им дадете предност на везовите, чија изработка дефинитивно ќе придонесе вашиот стајлинг да изгледа богато и гламурозно?

Преземено од Buro 24/7

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Стилски двобој