Стилски двобој: Венесa Хаџенс или Миша Бартон?

30 декември 2013

Прва честа да ја носи креацијата ја имаше Венеса Хаџенс. Со неа се појави на промоцијата на „Spring breakers“ во Мадрид. Изгледот го надополни со чевли од Jerome C. Rousseau во виолетова нијанса и едноставни обетки.

За разлика од неа, Миша Бартон изненади со изборот на аутфитот бидејќи е позната по негувањето на готик стилот. Изгледот го надополни со чевли од Џими Чу, клач чанта во црвена нијанса и црвен кармин.

Според вас на која подобро и стојат здолништето и краткиот топ во бела нијанса од Кетрин Кид?

Објавено:
30 декември 2013
Категорија: 
Стилски двобој