„После полноќ“ - нова песна од Влатко Лозановски

8 април 2022

После подолга пауза, Влатко Лозановски ја израдува публиката со нова песна. „После полноќ“ е називот на нумерата која е во диско ритам.

После веќе познатите „Вардаре“, „Километри“, „Мајко“, нешто во малку поинаков стил, што ќе ве привлече уште на прво слушање.

Лозано и на оваа песна повторно работеше со проверениот тим Лазар Цветковски, кој се потпишува зад музика и аранжман и Ена Цветковска, која го напиша текстот.

Девојката која се појавува во спотот е контроверзната англиска актерка Стефани Дејвис.

Слушнете ја „После полноќ“:

 

Објавено:
8 април 2022
Категорија: 
Видео галерија
Прочитано:
90 пати