„Мајко“ - Новата песна на Влатко Лозаноски што буди емоции
Непосредно пред големиот концерт на 23. март во ВИП Арената „Борис Трајковски“, пејачот Влатко Лозаноски ја промовираше новата песна насловена „Мајко“. Се работи за емотивна балада посветена на сите мајки, а со интерпретацијата и спотот, на Лозаноски повторно разбуди емоции кај публиката.
Песната е дело на Лазар и Магдалена Цветковски, а спотот е на Даниел Јовески.
Инаку, претстојниот концерт е во организација на „Авалон продукција“, од каде известуваат дека за музичкото шоу има голем интерес.
„Задоволство ни е да ја споделиме со Вас актуелната состојба околу концертот на Лозано во Скопје.
Имено, како што и очекувавме, интересот е навистина огромен.
Влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија.
Па така, очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје“, се вели во соопштението за јавност.
За потсетување, влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на Avalon.mk по следниве цени и категории:
ПАРТЕР- 500 денари
ФАН ПИТ- 800 денари
ТРИБИНИ- 700 денари
SILVER SEATS- 800 денари
GOLDEN SEATS- 900 денари
ВИП- 1.000 денари