Празниците се време кога сакаме да направиме нешто вкусно, интересно, по можност декоративно.
Најмногу не привлекуваат убавите десерти, а особено ако се прават лесно и со мал број на состојки
Еден таков десерт најдовме на Инстаграм, а станува збор за чоколадни шишарки на коишто особено ќе се израдуваат дечињата.
Потребни ви се само три состојки и малку трпение.
Еве што да употребите:
200 грама крем сир
200 грама темни бисквити (со полнење по желба)
Чоколаден корнфлекс во облик на лист
Подготовка:
Бисквитите ставете ги во сад и иситнете ги, а потоа додадете го пакувањето крем сир. Мешајте се додека смесата не се соедини.
По желба можете да додадете арома на цимет или ванила. Потоа напревете форми со раце на коишто ќе ги нанесувате ливчињата корнфлекс.
Во тоа и се состои штосот на овој рецепт – нижењето на чоколадниот корнфлекс од доле па се до најгорниот дел на формата.
За да добиете вистински празничен десерт одозгора посипете шеќер во прав или кокос.
View this post on Instagram