Ако сте расположени за нови вкусови, посебно ако вклучуваат кафе, тогаш задржете се на рецептот што следи во продолжение.
Блогерката Џилијан Харис има фантастичен рецепт за кремасто кафе со банана и кокос, чиј вкус ќе ве воодушеви.
А еве и како да го направите:
Потребни состојки:
За смесата со банана: 400 мл млеко од кокос, 1 банана, 1 и пол лажици шеќер, 1 шолја млеко од соја.
За кремот од кафе: 4 лажици Инстант кафе (не користете турско кафе), 4 лажици врела вода, 4 лажици шеќер, матете со миксер или маталка додека не добиете кремасто-пенаста структура. Постапката подетално ја имате подолу во текстот.
Подготовка за миксот со банана и кокос (пире):
Во блендер додадете го млекото од кокос, бананата и шеќерот. Блендирајте 3 минути или додека смесата не стане мазна и кремаста. Погрижете се маснотијата од кокосовото млеко да не се раздвои од миксот. Потоа, смесата исипете ја во тегличка или чаша, и ставете го во ладилник. Најдобро е оваа смеса да ја подготвите од вечер, за наутро само да уживате.
Ако сакате Лате постапката е следна:
Помешајте 5 лажички од миксот со 1 шолја млеко и мешајте со маталка. Загрејте ја смесата на средна температура, да биде млака, а потоа префрлете ја во блендер и матете 3-4 минути. Префлете во висока чаша и додадете ја пенасто-кремастата смеса од кафе и уживајте!
Ако сакате ладно кафе постапката е следна:
Во мал сад додадете 5 лажички од смесата со банана и кокос, потоа и шолја млеко и изматете ја смесата со маталка да се соедини. Ставете ја во чаша, додадете 3-4 коцки мраз и одозгора ставете ја кремастата пена од кафе.
За кремасто кафе постапката е следна:
Измешајте ги сите состојки за за смесата со кафе со миксер и матете околу 5-7 минути. Префрлете ја смесата во чаша, врз миксот со банана и кокос.
Доколку кокосовото млеко ви е скапо, направете комбинација од млеко со ниска масленост и кокос, и изблендирајте, за да биде компактно. Нема да е исто, но сепак макар малку ќе можете да ја вкусите комбинацијата на кокос и подоцна банана и кафе.
За секоја од овие варијанти на кафе ќе ви бидат потребни 5 до 9 минути.
извор: @jillian.harris;