Врнежливо и студено време надвор, одлично за филм, добро друштво и топол напиток - добар начин да се поминат вечерите нели?
Е сега, ако не сакате монотонија, ние имаме предлог да испробате нови вкусови.
За љубителите на топло чоколадо во продолжение следат пет несекојдневни рецепти што вреди да ги пробате и да ја избегнете монотонијата:
Топло чоколадо со рум и цимет
View this post on Instagram
Потребно: 1,5 л млеко, 250 гр сечкано темно чоколадо, 200 мл слатка павлака, 1 лажиче цимет во прав, 5 големи лажици рум
Подготовка: Во голем сад ставете ги млекото, слатката павлака, румот и циметот, а потоа ставете го на средно тивок оган да се вари. Кога ќе зоврие тргнете го од рингла и веднаш додајте го чоколадото. Добро мешајте со лажица или маталка, се' додека чоколадото комплетно не се стопи и соедини со остатокот од течноста. Потоа ставете го топлото чоколадо во посакуваните шолји, а дополнително можете да украсите со слатка павлака, колачиња или шарени трошки.
Француско топло чоколадо
View this post on Instagram
Потребно: 2 чаши млеко со полна масленост, 1/2 шолја слатка павлака, 1 лажица шеќер во прав, темно чоколадо, шлаг.
Подготовка: Млекото, слатката павлака и шеќерот во прав ставете ги во сад, кој пак ќе го ставите на средно-тивок оган, за да не зоврие. Постепено ќе додавате темно чоколадо по желба, а најдобро е да користите некое што има 60-70% какао во него, а ставајте го во остатокот од смесата изрендано или исечкано на помали парчиња. Матете додека не добиете убава мазна густа смеса. Украсете со шлаг и чоколадо.
Нутела топло чоколадо
View this post on Instagram
Потребно: 2 лажици нутела, 1 шолја млеко. За прелив одберете: шлаг, чоколаден прелив или чоколаден чипс.
Подготовка: Загрејте го млекото, но внимавајте да не врие. Како што почнува да се загрева, додајте ги двете лажици Нутела и мешајте додека убаво не се растопат во млекото. Веднаш послужете во саканите чаши или шолји, со декорација каква ќе си одберете.
Топло чоколадо со орео
View this post on Instagram
Потребно: 2 чаши млеко со полна масленост, 1/2 шолја мешано чоколадо (или миксот за топло чоколадо што се продава во ќесички), 6 орео колачиња, шлаг за декорација и орео во трошки (доколку сакате)
Подготовка: Загрејте го млекото додека не стане сосема жешко, но внимавајте да не почне да врие. Ставете го во блендер заедно со орео колачињата и миксот од чоколадо. Матете додека колачињата не исчезнат големите парчиња од колачињата. Оваа количина е идеална за 2 шолји топло чоколадо, кои можете да ги украсите со шлаг и орео-трошки.
Топло чоколадо со капини
View this post on Instagram
Потребно: капини, темно чоколадо, шеќер, млеко, екстракт од ванила
Подготовка: Првин направете го преливот од капини. Капините варете ги со малку шеќер во прав и неколку капки вода, додека да омекнат, а потоа со помош на цедалка, отстранете ги ситните семки. Топлото чоколадо направете го така што ќе го загреете млекото, во која ќе го додадете чоколадото, кое претходно сте го стопиле. На крајот ќе додадете ванила и малку од преливот од капини. Се' заедно ставете во блендер и матете додека не стане смесата пенеста. Ако немате блендер направете го тоа со маталка во садот во кој што го загревавте млекото. На крај, за декорација додадете го остатокот од преливот со капини. За една шолја ви е потребно 200 мл млеко, лажица шеќер во прав, чоколадо по вкус, и 15-тина капини.