Лесен чизкејк од тиква

19 септември 2017

Новата сезона е на прагот, а со тоа почнува и сезоната на нови, вкусни, есенски рецепти. Тиквата е една од најевтините и најчестите намирници речиси во секој дом, а денеска ви презентираме еден лесен начин како да направите нешто ново, привлечно и вкусно.

Во продолжение следи рецептот за чизкејк со тиква

Потребни состојки:

 

16 орео кекси

1 супена лажица солен путер

Прстофат сол

1 чаша слатка павлака

Околу 200 грама крем сирење, омекнато

1 чаша пире од тиква

1 лажичка екстракт од ванила

Половина шолја шеќер во прав

Половина лажичка цимет или зачин од тиква

 

Подготовка:

1.Во сад наредете 8-10 чаши за сервирање. Оставете еден дел од орео колачињата за декорација.

2.Остатокот од Орео колачињата, путерот и солта измешајте ги во блендер додека не се соединат убаво состојките, односно не добиете смеса од ситни трошки.

3.Во секоја од чашите ставете неколку лажици (1/4 од чашата) од смесата и користете мала лажичка за да ја притиснете на дното. Чашите покријте ги со фолија или тацни и ставете во ладилник да отстојат 15-тина минути или додека не сте стврдне смесата.

4.Во голем сад изматете ја слатката павлака и потоа ставете ја во ладилник, сè додека не дојде на ред за употреба.

5.Во друг голем сад, измешајте ги крем сирењето, пирето од тиква, екстрактот од ванила, шеќерот во прав и циметот. Потоа додадете и половина од изматената слатка павлата и соединете.

6.Смесата ставете ја во вреќест шприц или кеса со отсечен врв и пополнете ја втората четвртина (или две по желба) од чашата. Потоа повторно покријте ги чашите и вратете ги во ладилник уште еден час.

7.На крај изадете ги чашите, во нив додајте го остатокот од слатката павлака и декорирајте со трошки од орео колачињата. Послужете. Одлично оди со фино кафе :) .

Објавено:
19 септември 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
816 пати