Студените денови се како создадени за вкусни топли напитоци. Топлото чоколадо е едно нашите омилени, а денеска ви презентираме рецепт за едно со вкус на портокал. Малку поинаква варијанта на класичниот напиток, а со уште поубав вкус.
Еве што ви е потребно:
500 милилитри млеко
80 грама бело чоколадо
100 милилитри слатка павлака
4 лажици ликер од портокал
Подготовка:
Млекото ставете го на тивок оган и додадете ја слатката павлака и белото чоколадо (кое претходно сте го искршиле на коцки) додека не се стопи и сè стане мазна соединета смеса. Кога ќе забележите дека сте добиле таква смеса, чоколадото тргнете го од оганот и додајте го ликерот од портокал.
На крајот, ставете го топлото чоколадо во вашата омилена чаша, а напитокот можете да го украсите со какао, цимет, чоколадни трошки, шлаг или било што друго по ваша желба.
Ако сепак преферирате класично топло чоколадо, повторете го рецептот со темно чоколадо.
Уживајте!