Викенд рецепт: Палачинки на француски начин

12 јули 2024

Во потрага по инспирација на Инстаграм наидовме на профилот на Иван Лончар или ivo_zinee каде тој редовно споделува вкусни и креативни рецепти за сечиј вкус.

Crêpes Suzette е еден од нив, а станува збор за палачинки на француски начин.

Доколку ги јадете во ресторан ќе ви бидат послужени фламбирани, а ако се одлучите да ги направите дома рецептот е во продолжение.

Состојки за палачинките:

• 2 јајца
• 50 грама путер
• Лажичка шеќер
• Пола лажичка сол
• 100-150 грама брашно
• 250 милилитри млеко
• 100 милилитри минерална вода
• Малку зејтин

 Состојки за преливот:

• Сок од 3 портокали
• Рендана кора од половина портокал
• 200 грама шеќер
• 1 исечен портокал
• 50 грама путер
• 2.5 лажички ликер од портокал

Постапка за преливот

Во тавче ставете го шеќерот и оставете го да се карамелизира. На жешкиот шеќер додадете го сокот од портокалите и изренданата кора. Нека се крчка на среден оган, а потоа додадете го и путерот.

По пет минути ставете ги и палачинките во преливот, односно нанесете врз нив поголема количина.
Потоа во тавчето додадете го ликерот и парчињата портокал и засилете го огнот за да испари алкохолот.
По две, три минути извадете ги палачинките и послужете ги со сладолед од ванила.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by IVAN LONCAR (ivo_zinee)

Објавено:
12 јули 2024
Категорија: 
Вкусно