Лесни, освежителни и вкусни колачиња од лимон

13 април 2023

Празничните денови се пред нас, па токму затоа ви предложуваме еден едноставен и лесен десерт кој што се подготвува многу брзо.

Потребни состојки

• 220 грама брашно
• 1/2 лажичка сода бикарбона
• 1/4 лажичка сол
• 115 грама путер
• 3/4 шолја шеќер
• 1 јајце
• Кора од лимон со средна големина
• 15 ml свеж сок од лимон
• 1 и 1/2 лажичка екстракт од лимон

По желба може да додадете 2,3 капки прехранбена жолта боја.

Начин на подготовка

Во голем сад измешајте ги брашното, содата и солта. Во друг сад со соодветен миксер изматете го путерот и шеќерот додека не се соединат.

Потоа измешајте ја кората од лимон, сокот од лимон и екстрактот (по желба и прехранбената боја) додека не се соединат.

Додадете ги сувите состојки и мешајте дури не се соединат. Затворете го садот и ставете го во фрижидер минимум 30 минути, за да се олади.

Загрејте ја рерната на 150°C, извадете го тестото и формирајте мали топчиња, кои што ќе ги распоредите во две тави.

Печете од 10 до 12 минути.

Фото:Pinterest

Објавено:
13 април 2023
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
384 пати