Викенд празничен рецепт: Кoлачиња од мак

16 декември 2023

Како викенд предлог за нешто вкусно денес имаме декоративни мини колачиња од мак, сочни одвнатре, а крцкави однадвор.

Се подготвуваат за 15 минути, а еве што ќе ви биде потребно.

Состојки:

• 120 грама мек путер
• 50 грама шеќер во прав
• 2 јајца
• 70 грама мелен мак
• Пола лажичка екстракт од ванила
• Кора од лимон
• Малку сол
• 10 грама скроб
• 150 грама меко брашно
• 1/4 лажичка прашок за печиво
• Џем за полнење

 

Подготовка

Со миксер изматете ги шеќерот и путерот. Потоа додадете ги јајцата и ванилата и уште малку матете. Во друг сад помешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги во садот со маслото и мешајте додека не добиете тесто.

Мекото тесто ставете го во кесичка за нанесување на шлаг (одберете поцврста варијанта поради густината на смесата). Со кружни движења истиснувајте кругови на плехот, но гледајте да не бидат дебели. Во средината направете мала вдлабнатина за џемот (со мокар прст).

Оставете ги во фрижидерот да се стегнат, за да не се рашират многу при печењето.Печете на 180 степени 10 минути. Кога ќе се оладат пополнете ги вдлабнатините со џем, којшто претходно сте го загреале.

Уживајте во празничниот вкус.

Фото: Instagram

Објавено:
16 декември 2023
Категорија: 
Вкусно