Сите знаеме дека за време на празниците речиси секогаш излегуваме од контрола и консумираме малку повеќе храна одошто е потребно, па добро е да имаме нешто со што повторно ќе се вратиме во форма.
Веќе знаете дека лимонот е едно од најздравите и највкусни овошја во светот, па токму тој е основа на напитокот што денеска ќе ви го предложиме.
Лимонот е одличен за чистење на организмот и е еден од најдобрите детокс пијалоци што можете да ги консумирате.
Истиот ќе го забрза вашиот метаболизам, благопријатно ќе делува на целото тело и на работата на внатрешните органи, а добро ќе влијае и на вашите нерви и кардиоваскуларниот систем.
Овој вкусен напиток ќе го спречи таложењето на килограми и ќе ви го разбуди организмот по сите оние забави околу новогодишните празници.
Она што ви е потребно за да го направите пијалокот е половина лимон, 0.2 грама грама кајенски пипер и 40 грама јаворов сируп. Оваа комбинација е вистинска бомба што ќе ги елиминира токсините од вашиот организам и ќе делува како антиоксиданс и ќе го доведе вашето тело во совршен баланс.
Веќе знаете дека јаворовиот сируп е супер хранлив, за лимонот говоревме, додека кајенскиот чили пипер изобилува со витамини, влакна и протетини.
Истиот ќе го намали вашиот апетит и ќе ја подобри работата на цревата и ќе ги исчисти од токсините. Овој напиток пијте го 4, 5 пати дневно, а ако вкусот е премногу јак за вас, сокот можете да го разредите со вода.
Инфо: Fashion.hr