Направете си домашен чипс и уживајте со добар филм!

2 февруари 2017

Веројатно знаете дека чипсот и не е баш најздравата храна за консумирање, но ретко кој од нас може да му одолее, особено во вечерните часови со добар филм.

Доколку имате малку време, тогаш израдувајте ги домашните или гостите со овој вкусен и здрав чипс кој е совршена замена за оној од продавница.

Чипс од јаболка

На голема тава за печење ставете хартија и загрејте ја печката на 70 степени. Добро измијте шест до седум јаболка и отстранете им ја средината кај семките. Исечете ги на тенки крукчиња и печете ги два до три часа на наведената температура. Проверувајте ги повремено за да излезе пареата и да не изгорат. Откако добро ќе се изладат веднаш пробајте ги, а остатокот ставете го во херметички затворен сад.

Чипс од компири

Излупете неколку компири и исечете ги на тенки плочки, па оставете ги малку во сад со ладна вода со што чипсот ќе биде малку покрцкав. Загрејте ја печката на 150 степени. Откако ќе ги извадите парчињата компири од ладната вода, ставете ги на хартија за добро да се исцедат. Ставете ги во тавата за печење и зачинете по желба со малку сол и бибер, па ставете ги да се печат додека не станат крцкави и црвени. Зависно од дебелината на плочките компир, печете од 20 до 30 минути.

Чипс од банани

Излупете ги бананите и исечете ги на тенки парчиња. Добро распоредете ги на тавата за печење на која претходно ставивте хартија и печете ги неколку часа на температура од 60 степени. Не ја зголемувајте температурата за побрзо да се испечат, бидејќи истите ќе изгорат и нема да бидат вкусни. Чипсот од банана ќе биде готов тогаш кога на парчињата ќе се направи кора и истите ќе бидат исушени.

Објавено:
2 февруари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
502 пати