Неколку интересни совети за совршени палачинки

16 јануари 2021

Палачинки со крем, банана, мед, овошје… Храната од соништата за многумина се токму палачинките. Не за џабе имаат и свој Меѓународен ден. (9 февруари). Но, постојат неколку трикови за да ги добиете оние меки, фантастични, неодоливо вкусни палачинки. 

 

Секогаш користете закиселено обезмастено млеко

Киселоста на маштеницата - закиселено обезмастено млеко, додава поинтензивен вкус и помага палачинките да станат помеки од оние направени со обично млеко. 

Состојките мора да се на собна температура  

Пред да ги употребите, ставете ги брашното, јајцата и млекото на собна температура. На тој начин, мноу полесно ќе добиете хомогена смеса. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlise Yongo (@mari_lou33)

Изматете ги белките посебно

За да добиете воздушести и меки палачинки, неопходно е претходно убаво да ги изматите белките од јајцата. Жолчките измешајте ги со останатите мокри состојки, а изматените белки додадете ги на крај многу внимателно. 

Помалку е повеќе - барем кога е мешањето во прашање

Интензивното мешање на тестото создава глутен, а глутенот им дава непожелна текстура на палачинките. 

Печете на добро загреана тава

Бидете трпеливи и почекајте добро да се загрее тавата пред да ја нанесете смесата. Добрата палачинка изискува жешка тава. 

Користете масло

Сите го претпочитаат путерот во готвењето, но путерот многу побргу гори од маслото. Токму затоа, намачкајте ја тавата со масло наместо со путер, пред да ја ставите смесата. 

Не вртете предвреме

Палачинката е доволно испечена на едната страна кога ќе забележите дека рабовите почнуваат да добиваат златникава боја. Тогаш е време за маестрално вртење! 

 
Објавено:
16 јануари 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
324 пати