Во време кога здравата исхрана стана исклучително популарна и фотографирана по социјалните мрежи, здравите намирници никогаш не биле подостапни.
Покрај тоа што на телото му треба соодветна исхрана, многу вода, овошје и зеленчук, протеини, постојат одредени намирници кои мора редовно да ги консумирате за да се погрижите за здравјето на време.
Постојат пет конкретни намирници кои ако редовно ги консумирате, телото ќе ви биде благодарно за тоа.
1.Овес
Оваа намирница содржи многу протеини и влакна кои се совршени за одлично варење, а го намалуваат и холестеролот. Од друга страна пак, може да го намали ризикот од срцеви болести, а е исклучително вкусен со што и да го комбинирате.
2.Риба
Богата е со омега 3 масни киселини кои се исклучително важни, здрави масти кои помагаат за правилно функционирање на телото. Докажано е дека го намалуваат нивото на триглицериди, помагаат за правилно функционирање на мозокот, го подобруваат расположението, па дури ја измазнуваат и кожата.
3. Домати
Научниците за доматите велат дека се одлични, особено за мажите, бидејќи го намалуваат ризикот од рак на простатата, а помагаат и во борбата со болестите на срцето. Задолжително, секогаш обидете се да најдете свежи и квалитетни домати и да не ги лупите.
4.Јаткасти плодови
Овие плодови содржат незаситени масти и витамин Е кој може да помогне во намалување на ризикот од срцеви болести. Витаминот Е исто така е антиоксиданс кој помага во намалување на ошѓтетувањето на слободните радикали. Редовно консумирајте ореви, бадеми, костени, ф’стаци и друго.
5.Соја
Сојата и сите намирници од соја може да ви помогнат во намалување на холестеролот, а некои научници тврдат и дека помага во борбата против ракот. Она што најчесто можете да го најдете во продавниците и е одлично е тофу сирењето кое го обожаваат сите.
Инфо: Fashioner.hr