Ако досега вистински хит кај здравата исхрана беа смути пијалаците и житарките со задолжителното чиа семе, оваа зима на сцена доаѓа една хит чинија полна здрави намирници.
Нутриционистите сакаат да ја нарекуваат Buddha Bowl, а во истата се содржани неверојатно вкусни и здрави производи кои единствено ви се потребни за совршено функционирање на организамот.
Според Пинтерест, тие ќе бидат вистински хит и во сезоната што доаѓа, а секако и еден од најголемите трендови кога станува збор за здравата исхрана.
Во овие здрави чинии ќе најдете производи со доволно количество протеини, здрави масти, јаглехидрати и многу витамини, а сите ги сакаат затоа што можете да ги понесете со вас на работа или било каде и да одите.
Тие се идеални за појадок, но супер се и за вечера, па дури и за ручек како еден вид салата што ќе ја обожавате.
Во нив можете да ставите се што ќе посакате, секако под услов да се здрави намирници, како на пример разни видови зеленчук, тофу, житарици, јаткасти плодови, семки, варени јајца и сѐ здраво што ќе ви дојде на ум.
Со консумирањето на оваа „здрава чинија“, имате урамнотежен и квалитетен оброк во вид на салата.
За овој оброк е заслужна Нина Олсон која на својот Инстаграм профил секојдневно објавува разни идеи за нови оброци со кои важи за една од најпочитуваните во светот на здравата исхрана.
Доколку ви требаше малку одмор од сите јадења што ги консумиравте месецов, тогаш ова е супер лесна и брза идеја за прочитување на организмот.